-50%
Нема на залиха
PUPA Hyalu Shots хидрирачки серум 30мл
Original price was: 1.500,00 ден.750,00 денCurrent price is: 750,00 ден.
Длабински ја хидрира кожата. 95% состојки од природно потекло.
ОПИС:
Иновативен серум со чиста формула направена само од функционални елементи и 95% состојки од природно потекло.
Молекулите од хијалуронска киселина со висока молекуларна тежина има извонредно навлажнувачно дејство на епидермисот. Иновативен производ кој ја зголемува синтезата на природно присутната хијалуронска киселина, осигурувајќи задржување на хидратацијата со текот на времето.
Пребиотичките активни состојки обезбедуваат оптимален баланс на микробиотите за здрава кожа.
Hyalu Shots е идеален за сите типови кожа и кога редовно е користен, ги минимизира ситните линии, покрај тоа што обезбедува и оптимална хидратација.
93% од испитаниците кои го користеле Hyalu Shots забележале дека нивната кожа е инстантно похидрирана.
100% од испитаниците тврдат дека имаат посјајна кожа и 97% забележале дека кожата им е помека.
Инструментални тестови:
15% подобрување на хидратацијата на кожата по 28 дена.
Тестовите се направени на 30 инпитаници 28 дена.
Клинички и дерматолошки тестирано на чувствителна кожа
Тестирано на жени од различни мулти-етнички групи
Без состојки од животинско потекло
Без парабени
Произведено во Италија
ДЕЈСТВО:
Технологијата на природата во својство на убавината:
Молекули на хијалуронска киселина со висока молекуларна тежина – работат на задржување на големи количини вода – вистинска хидратациска бомба!
Пребиотички активни состојки – обезбедуваат оптимален баланс на микробиотите за здрава кожа.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси 3-2 капки од Hyalu Shots секое утро на лицето и вратот, за експлозија од хидратација секој ден.
Откриј во нашиот водич масажа за нанесување која ќе го направи третманот уште поефективен.
Рок на употреба (од отворање): 9 месеци
- За брендот
PUPA Milano
Pupa верува дека убавината е бесплатна експресија на нашата индивидуалност и автентичност. Брендот нуди висококвалитетни производи по пристапни цени. Благодарение на разновидноста и многубројните производи, брендот ги привлекува сите жени, охрабрувајќи ги да веруваат во себеси и правејќи да се чувствуваат специјално и едноставно прекрасно.
PUPA верува во позитивност и разнобоен свет, без предрасуди и стереотипи. PUPA е креативност, дизајн, трендови, и убавина произведена во Италија. Црвената боја го доловува духот на PUPA: црвена за страст, динамичност и виталност, црвена за енергијата да се развиваат нови форми на експресија секој ден.
PUPA е автентичност, емоција и страст. Секоја жена е PUPA жена.







