Ralph Lauren Polo 67 Eau de toilette

Price range: 3.860,00 ден through 6.630,00 ден

SKU: 1470-1-2

Кремаст, дрвенесто-ароматичен мирис со сандалово дрво и бергамот.

Опис

“Polo 67 е модерна интерпретација на чист, мажествен мирис со топол, овошен пресврт. Мирис што им се допаѓа на сите и што ќе дојде до полн израз во пролет/лето.” – Ceryn, Escentual Beauty Team.

Смел, светол мирис за мажот кој се осмелува да сонува. Спојот од дрвенести ноти и цитруси создава волшебна мешавина која ја редефинира свежината. Тоалетната вода Ralph Lauren Polo 67 е сензуалност, облеана во сјај и топлина.

Мирисот се отвора со енергичен калабриски бергамот и акорд од ананас. Во срцевината, сончевата топлина и заводливоста е контрастирана со ароматичните ноти на гераниум и жалфија. Земјените тонови на ветивер и дрвенестите нијанси на пачули, му даваат на мирисот моќна и софистицирана трага. Кога големината ќе те повика, одговори со духот на одлучноста.

Polo 67 претставува модерна интерпретација на култните мириси Polo претходно. 67 е поовошен и потопол од претходните варијанти. Ја поседува класичната, спортска свежина на Polo, но оваа верзија е наменета за оние што бараат смела и живописна арома, совршена за потоплите месеци.

Ralph Lauren

Ralph Lauren е американски моден дизајнер познат по неговата популарна Polo линија, но и по други линии облека, модни додатоци и украси за домот. Основана во 1967 година, првично нудејќи линија на машки вратоврски, компанијата рапидно расте во краток период и отвора свој бутик во стоковната куќа Bloomingdale’s во 1969-та и целосно своја продавница во Beverly Hills во 1971. Првата женска линија Polo е лансирана истата година.

Ralph Lauren Polo се здружува со L’oreal групацијата за да претстави и своја линија мириси, започнувајќи со култниот мирис за мажи Polo и класичниот женски мирис Lauren во 1978. Наредните два мириси во линијата, Chaps for Men и Tuxedo for Women, двата лансирани во 1979 година, исто така стануваат омилени класици.