Ralph Lauren Polo Blue Parfum
Price range: 6.500,00 ден through 7.850,00 ден
Интензивен. Сензуален. уксузен. Овој сензуален парфем те транспортира на патувањето на животот. Претставено во шише со модерна силуета, кое може повторно да се полни.
Ralph Lauren Polo се здружува со L’oreal групацијата за да претстави и своја линија мириси, започнувајќи со култниот мирис за мажи Polo и класичниот женски мирис Lauren во 1978. Наредните два мириси во линијата, Chaps for Men и Tuxedo for Women, двата лансирани во 1979 година, исто така стануваат омилени класици.
Рок на употреба (од отварање): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
ЗА МИРИСОТ:
Polo Blue Parfum е мирис за мажи инспириран од привлечната слободна моќ на отворените мориња. Овој софистициран Ralph Lauren мирис е креиран од Carlos Benaim и Pascal Gaurin. Polo Blue Parfum носи уникатна водена свежина и интензитет на култната мирисна колекција.
МИРИСЕН ПРОФИЛ:
Polo Blue Parfum е мажествен дрвенест и свеж мирис, кој содржи рециклирано дабово дрво добиено од француски буриња со коњак, земајќи еден луксузен производ и преименувајќи го во друг. Оваа дрвенеста нота е искомбинирана со пенлива мандарина и зачаден ветивер, резултирајќи со прекрасен, богат и привлечен мирис. Одличен за пролет и лето, Polo Blue parfum поседува импресивна трајност. Долготрајноста на овој Ralph Lauren мирис доаѓа благодарение на неговиот статус како parfum. Parfum содржи највисока ароматична концентрација од околу 40% во споредба со парфемска вода (eau de parfum – EDP) од 15 – 20%.
ЗА ШИШЕТО:
Polo Blue Parfum е претставено во еко-свесно дизајнирано шише со морска сина нијанса, кое може повторно да се полни.
Ralph Lauren
Ralph Lauren е американски моден дизајнер познат по неговата популарна Polo линија, но и по други линии облека, модни додатоци и украси за домот. Основана во 1967 година, првично нудејќи линија на машки вратоврски, компанијата рапидно расте во краток период и отвора свој бутик во стоковната куќа Bloomingdale’s во 1969-та и целосно своја продавница во Beverly Hills во 1971. Првата женска линија Polo е лансирана истата година.
Ralph Lauren Polo се здружува со L’oreal групацијата за да претстави и своја линија мириси, започнувајќи со култниот мирис за мажи Polo и класичниот женски мирис Lauren во 1978. Наредните два мириси во линијата, Chaps for Men и Tuxedo for Women, двата лансирани во 1979 година, исто така стануваат омилени класици.








