Ralph Lauren Polo Red Eau de Toilette

Price range: 3.790,00 ден through 5.150,00 ден

SKU: 1470-1-2-1

Polo Red Eau de Toilette e огнен наплив од килибарни ноти и освежувачки цитруси. Неговата смела мешавина од ароми на бергамот, црвен шафран и длабоки дрвенести ноти од црвено дрво, ја доловува суштината на возбудата и заведувањето во еден единствен, волшебен мирис.

Опис

Polo Red Eau de Toilette од Ralph Lauren Fragrances е култниот мирис инспириран од личната колекција на класични автомобили на Ralph Lauren.

Оваа огнена мешавина започнува со енергизирачката, чиста свежина на црвен грејпфрут. Во срцето на мирисот доминира зачинет црвен шафран, кој внесува топол и огнен интензитет. Завршетокот го дава топлината на црвеното дрво (Redwood), создавајќи мажествена длабочина што долго трае.

Овој модерен мирис доаѓа во елегантно црвено шишенце, интензивно и моќно како спортски автомобил, на кое гордо стои амблематичното Ralph Lauren Polo Pony лого.

Свеж, смел и секси.

Ralph Lauren

Ralph Lauren е американски моден дизајнер познат по неговата популарна Polo линија, но и по други линии облека, модни додатоци и украси за домот. Основана во 1967 година, првично нудејќи линија на машки вратоврски, компанијата рапидно расте во краток период и отвора свој бутик во стоковната куќа Bloomingdale’s во 1969-та и целосно своја продавница во Beverly Hills во 1971. Првата женска линија Polo е лансирана истата година.

Ralph Lauren Polo се здружува со L’oreal групацијата за да претстави и своја линија мириси, започнувајќи со култниот мирис за мажи Polo и класичниот женски мирис Lauren во 1978. Наредните два мириси во линијата, Chaps for Men и Tuxedo for Women, двата лансирани во 1979 година, исто така стануваат омилени класици.