Нема на залиха

Redken NYC All Soft Argan-6 масла за коса во еден производ 111мл

2.100,00 ден

Достапност: Нема на залиха SKU: 884486452993

Опис
Формула збогатена со Omega-6, Redken All Soft е масло за коса кое не се одмива, нуди 6 неверојатни придобивки при негување на сувата коса а резултатот е свиленкасто мека коса. Ова масло за коса е збогатено со арганово масло во комбинација со Redken комплекс за хидратација, а може да се користи пред шампонирање за дополнителна хидратација, по фенирање за измазнувачки резултат, на сува коса за дополнителен сјај, да се додаде во било кој производ за коса за дополнително нејзино омекнување или да се остави да делува преку ноќ како третман за интензивна нега. Ова масло за коса ја негува и одржува хидратацијата на косата во рамнотежа. Интензивно ги негува сите типови на коса.

Начин на употреба
Најдобра примена има кога се користи по All Soft шампон и All Soft балсам за коса, се нанесува на влажна или сува коса, по нејзината должина и врвови. Третманот не се одмива.

Третира (тип на проблем)
Сува коса

Состојки

CYCLOPENTASILOXANE, DIMETHICONOL, DIMETHICONE, ARGANIA SPINOSA OIL/ARGANIA SPINOSA KERNEL OIL, PARFUM/FRAGRANCE, BENZYL ALCOHOL, LINALOOL, COUMARIN, LIMONENE, HEXYL CINNAMAL, CITRONELLOL, BENZYL BENZOATE, AMYL CINNAMAL (D159206/1)

Рок на употреба (од отварање): 12 месеци

Redken

Redken е американски бренд за нега на коса во сопственост на L’Oréal Group, во рамките на одделот за професионални производи. Компанијата е основана во 1960 година од страна на Jheri Redding и Paula Kent, па оттука доаѓа и името “Red-ken.” Redken е пионер во „Научниот пристап кон убавината“ и го револуционираше бизнисот со професионални салони со воведување на концептот на протеинска регенерација и развој на нови производи на база на протеини, кои се подоцна патентирани. Основачката Paula Kent ја револуционизираше индустријата за професионална нега на коса и за стилисти и за клиенти. Нејзината посветеност на науката и нејзиниот пионерски дух помогнаа брендот да стане она што е денес.