Redken NYC Amino Mint шампон против мастење на коса и скалп 300ml
1.600,00 ден
- Не можете да додадете таа сума во кошничката & mdash; имаме 3 на залиха и веќе имате 3 во вашата кошничка. Погледни кошничка
Опис
Redken amino-mint е шампон кој ќе ја овозможи потребната доза на свежина на масниот скалп. Го отстранува вишокот на себум, а скалпот е инстантно освежен. Киселата формула помага во балансирање на pH вредноста на косата и скалпот.
Шампонот е збогатен со мента која е позната по своето благотворно и смирувачко својство. Катјонските полимери и бетаин помагаат во негата и зацврстувањето на самото влакно. Формулата нуди моментални резултати, правејќи го скалпот чист и освежен.
Начин на употреба
Се нанесува на мокра коса. Со нежни движења се прави богата пена. Потоа убаво се одмива.
Третира (тип на проблем)
Масен скалп
Состојки
AQUA/WATER, SODIUM LAURETH SULFATE, CITRIC ACID, COCAMIDOPROPYL BETAINE, SODIUM HYDROXIDE, SODIUM CHLORIDE, GLYCINE, PROPYLENE GLYCOL, PARFUM/FRAGRANCE, SODIUM BENZOATE, HEXYLENE GLYCOL, POLYQUATERNIUM-10, SALICYLIC ACID, MENTHOL, LIMONENE , LINALOOL ,PENTYLENE GLYCOL, MENTHA PIPERITA EXTRACT/PEPPERMINT EXTRACT.
Рок на употреба (од отварање): 12 месеци
- За брендот
Redken
Redken е американски бренд за нега на коса во сопственост на L’Oréal Group, во рамките на одделот за професионални производи. Компанијата е основана во 1960 година од страна на Jheri Redding и Paula Kent, па оттука доаѓа и името “Red-ken.” Redken е пионер во „Научниот пристап кон убавината“ и го револуционираше бизнисот со професионални салони со воведување на концептот на протеинска регенерација и развој на нови производи на база на протеини, кои се подоцна патентирани. Основачката Paula Kent ја револуционизираше индустријата за професионална нега на коса и за стилисти и за клиенти. Нејзината посветеност на науката и нејзиниот пионерски дух помогнаа брендот да стане она што е денес.








