Valentino Uomo Born In Roma Extradose Parfum
Price range: 7.660,00 ден through 10.790,00 ден
Зрачи со самодоверба со интензивно-заводливиот и смел Extradose Uomo.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Мирисна фамилија: Ароматичен Fougère*
Клучни ноти: мешавина од зачини, ветивер, lavandin**
За мирисот: Valentino Born In Roma Extradose Uomo е мирисно признание на интензивниот и незаборавен дух на Рим. Овој смел мирис го возвишува оригиналниот Born In Roma Uomo носејќи го во нови височини и доловувајќи го ултра-самоуверениот и екстрасмелиот став на генерацијата која живее автентично. Тој е славење на двојноста, помешувајќи го класичното и модерното, динамичната енергија на градот со безвременската елеганција на неговото наследство. Искусете нова димензија на мирисот со интензивирани ноти и импресивна моќ на трајност.
Опис на мирисот: Born In Roma Extradose Uomo се отвора со прекрасна експлозија на уникатна мешавина од зачини. Оваа динамична и оживувачка мешавина ја поставува сцената за моќно и заводливо мирисно искуство, разгорувајќи ги сетилата со нејзината динамична енергија. Во срцевината на мирисот лежи концентрирана фузија од ветивер и лавандин. Оваа ароматична срцевина зрачи со неодолива мажественост, помешувајќи земјени, зачадени ноти на ветивер со билната, цветна свежина на лавандинот. Оваа интензивирана концентрација создава прекрасна тензија помеѓу грубоста и префинетоста, рефлектирајќи ја повеќестраната природа на модерниот римски маж. Базата на мирисот дополнително ја засилува заводливата природа на Born in Roma Extradose Uomo. Интензивираната база прикажува подлабока, порезонантна мешавина од дрвенести и килибарни ноти, кои и понатаму ја засилуваат смелоста на мирисот и додаваат на неговата импресивна трајност. Ова создава долготрајна трага која зрачи со самоувереност и харизма.
За шишето: Култното Valentino шише со нитни повторно се враќа, овој пат осмислено со засилена интензивност за Extradose едицијата. Пирамидалниот дизајн, инспириран од римската архитектура, е сега посмел од било кога, прикажувајќи интензивни црни тонови, кои оддекнуваат со аура на софистицирана мажественост. Шишето со нитни е моќна изјава, рефлекција на самоуверениот и некомпромизирачки дух на Born In Roma Extradose Uomo.
Инструкции за користење:
Нанеси на пулсни точки: зглоб, внатрешноста на лактите и врат.
*Зборот “fougère” е француски збор за “папрат,” а терминот е осмислен за да помогне во рефлектирање на свежиот, зелен и малку дрвенест карактер на одреден мирис. Fougère е всушност група мириси во дрвенестата мирисна фамилија, кои се познати како тревасти, зелени и свежи.
**За разлика од лавандата, lavandin е природно хибридно растение и содржи природен камфор, правејќи ја стимуланс. Не се користи за релаксација, но е одлична за одбивање молци и инсекти, како и за обезбедување посилен и подолготрајен мирис низ куќата.
Valentino
Valentino Garavani е еден од најголемите креатори во Италија. Глобално почитуван по неговите извонредни Couture креации и романтични тоалети од црвениот килим, тој ја освојува модната сцена и светот на мирисите. Во 1949 на само 17 години се сели во Париз за да ги реализира своите интереси во поглед на модата и се школува во најпрестижните школи своевремено. Во 1960та го запознава Giancarlo Giammetti со кого станува бизнис партнер. Во 1962 година е првата Couture ревија во Pitti Palace во Фиренца и е прифатена со воодушевување од критиката. Ова се смета за негов пробив и наскоро станува омилен на елитата. Апсолутна дизајнерска доминација воспоставува и на пазарот на мирисите. Партнерството со великаните Procter and Gamble престанува во 2010 година. Во истиот период започнува партнерството со една од најдоминантните компании на денешнината Puig со која продолжува да бележи успеси. На пазарот се лансирани 24 парфеми, во временска рамка од 1978 година до последниот во 2015година, со потпис на неговата компанија и по неговото повлекување од сцената.












