Valentino Uomo Born In Roma Eau de toilette

Price range: 6.150,00 ден through 8.690,00 ден

SKU: 1137

Создаден од спој на листови од темјанушка и ветивер, класичен сѐ до моментот на внесување на минерални ноти во него. Специфичен ѓумбир, минерални соли и дрвенести ноти се дел од мирисот. Овие софистицирани и модерни ноти се инспирирани од самиот град Рим – градот кој изобилува со елеганција испреплетена со модерност, град каде класиката се величи преку екстремниот и вибрантниот животен стил. Деликатна, суптилна, а сепак незаборавна хемија која е преточена во прекрасно шишенце. Шишенцето е дизајнирано со препознатливите Valentino нитни, инспирирани од римската архитектура која е заштитен знак на Valentino Couture.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Valentino

Valentino Garavani е еден од најголемите креатори во Италија. Глобално почитуван по неговите извонредни Couture креации и романтични тоалети од црвениот килим, тој ја освојува модната сцена и светот на мирисите. Во 1949 на само 17 години се сели во Париз за да ги реализира своите интереси во поглед на модата и се школува во најпрестижните школи своевремено. Во 1960та го запознава Giancarlo Giammetti со кого станува бизнис партнер. Во 1962 година е првата Couture ревија во Pitti Palace во Фиренца и е прифатена со воодушевување од критиката. Ова се смета за негов пробив и наскоро станува омилен на елитата. Апсолутна дизајнерска доминација воспоставува и на пазарот на мирисите. Партнерството со великаните Procter and Gamble престанува во 2010 година. Во истиот период започнува партнерството со една од најдоминантните компании на денешнината Puig со која продолжува да бележи успеси. На пазарот се лансирани 24 парфеми, во временска рамка од 1978 година до последниот во 2015година, со потпис на неговата компанија и по неговото повлекување од сцената.