Valentino Donna Born In Roma Ivory Eau de parfum Limited Edition
Price range: 9.190,00 ден through 12.990,00 ден
Valentino Born in Roma Rendez-Vous Donna EDP е нов, флорално-килибарен мирис со маршмалоу, бел мошус и ноти на ванила. Претставен е во исклучително бело монохроматско шише, кое ја доловува вибрантност и елеганција.
Рок на траење (од отворање на производот): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Valentino Born in Roma Rendez-Vous Donna Eau de Parfum е прекрасен нов мирис за мажи, создаден да ја прослави индивидуалноста и вибрантната убавина.
Оваа исклучителна мирисна композиција открива хармонична мешавина од цветно-килибарни ноти, составена од уникатна нота на маршмалоу, нежен бел мошус и богатиот раскош на мадагаскарска бурбон ванила. Дизајниран е да долови чувство на елеганција и екстравагантност, рефлектирајќи го основниот манифест на Valentino, дека убавината може да го трансформира светот.
Шишето само по себе е вистинско ремек дел, прикажувајќи впечатлив бел монохроматски дизајн со сјаен лак, и софистицирана кожена етикета, правејќи го вистинско колекционерско парче.
Valentino
Valentino Garavani е еден од најголемите креатори во Италија. Глобално почитуван по неговите извонредни Couture креации и романтични тоалети од црвениот килим, тој ја освојува модната сцена и светот на мирисите. Во 1949 на само 17 години се сели во Париз за да ги реализира своите интереси во поглед на модата и се школува во најпрестижните школи своевремено. Во 1960та го запознава Giancarlo Giammetti со кого станува бизнис партнер. Во 1962 година е првата Couture ревија во Pitti Palace во Фиренца и е прифатена со воодушевување од критиката. Ова се смета за негов пробив и наскоро станува омилен на елитата. Апсолутна дизајнерска доминација воспоставува и на пазарот на мирисите. Партнерството со великаните Procter and Gamble престанува во 2010 година. Во истиот период започнува партнерството со една од најдоминантните компании на денешнината Puig со која продолжува да бележи успеси. На пазарот се лансирани 24 парфеми, во временска рамка од 1978 година до последниот во 2015година, со потпис на неговата компанија и по неговото повлекување од сцената.









