Valentino Uomo Born In Roma Purple Melancholia Eau de toilette

Price range: 6.380,00 ден through 9.050,00 ден

SKU: 1459-1-1

Valentino Born in Roma Purple е мирис кој ја слави живата индивидуалност и инклузивност со уникатни мириси во виолетова нијанса за неа и за него.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

Опис

Новиот Valentino Born in Roma Uomo Purple Melancholia е одбележува нова возбудлива мирисна територија за мажите во почитуваната Valentino мирисна колекција.

Мирисот е дизајниран за модерниот маж, особено за „вечно младата“ Gen Z, доловувајќи го римскиот шик и стремејќи се да остави инстантен впечаток. Мирис кој го слави мултикултурниот идентитет и ги турка границите со доза острина која е инспирирана од наследството, но и насочена кон иднината.

Born in Roma Purple Uomo Purple Melancholia е посебно изграден околу раскошните ноти на кокос, нудејќи уникатен и интригантен ароматичен профил. Мирисот се отвора со освежителни почетни ноти, кои ја спојуваат зачинетата топлина на кардамонот со светлата кора од бергамот, создавајќи инстантен и привлечен впечаток. Како што се развива мирисот, тој открива кремаста и привлечна срцевина каде се спојуваат лаванда и кокосов акорд, воведувајќи мек, но препознатлив гурмански допир. Искуството кулминира со богата база од инфузија од ванила и кедар, обезбедувајќи дрвенест и суптилно-сладок завршеток.

Претставен во култното Valentino шишенце со нитни во впечатлива виолетова, мирисот означува смел и модерен израз на мажественоста. Дизајниран за мажот кој е „дигитална ѕвезда“, кој ги прифаќа живописните бои и бара луксузно, но иновативно сензорно искуство.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.
Да се чува подалеку од топлина, жешки површини, искри, отворен пламен и други извори на топлина. Пушењето е забрането.

Valentino

Valentino Garavani е еден од најголемите креатори во Италија. Глобално почитуван по неговите извонредни Couture креации и романтични тоалети од црвениот килим, тој ја освојува модната сцена и светот на мирисите. Во 1949 на само 17 години се сели во Париз за да ги реализира своите интереси во поглед на модата и се школува во најпрестижните школи своевремено. Во 1960та го запознава Giancarlo Giammetti со кого станува бизнис партнер. Во 1962 година е првата Couture ревија во Pitti Palace во Фиренца и е прифатена со воодушевување од критиката. Ова се смета за негов пробив и наскоро станува омилен на елитата. Апсолутна дизајнерска доминација воспоставува и на пазарот на мирисите. Партнерството со великаните Procter and Gamble престанува во 2010 година. Во истиот период започнува партнерството со една од најдоминантните компании на денешнината Puig со која продолжува да бележи успеси. На пазарот се лансирани 24 парфеми, во временска рамка од 1978 година до последниот во 2015година, со потпис на неговата компанија и по неговото повлекување од сцената.