-25%

Valentino Voce Viva Eau de parfum

Price range: 4.240,00 ден through 8.320,00 ден

SKU: 1135

Со Рим во срцето, Valentino Beauty е колоритен, кул бренд кој е познат по високата мода. VOCE VIVA VALENTINO создава паралела помеѓу тонот на твојот глас и мирисот на твојот парфем. Исто како и гласот, мирисот е нешто лично, нешто интимно, нешто што остава трага. Хармонија од светол букет од цвеќе од која станувате зависни, и моќ која доаѓа од неочекуваните кристално мошусни акорди. Парфемот го слави гласот на секоја жена. VOCE VIVA е ода на Valentino кој ја слави женственоста.

Шишенцето ги пренесува вредностите на Maison Valentino и женственоста на VOCE VIVA. Мазно стакло во форма на коцка кое ја рефлектира светлината поминувајќи низ златната течност. Рокерските нитни на капачето го потенцираат стилот на Valentino. Вибрантен фонт од црвени букви го краси препознатливото Valentino шишенце.
„Денес е вистинска моќ да споделиш емоции” – Pierpaolo Piccioli, креативен директор на Maison Valentino.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Valentino

Valentino Garavani е еден од најголемите креатори во Италија. Глобално почитуван по неговите извонредни Couture креации и романтични тоалети од црвениот килим, тој ја освојува модната сцена и светот на мирисите. Во 1949 на само 17 години се сели во Париз за да ги реализира своите интереси во поглед на модата и се школува во најпрестижните школи своевремено. Во 1960та го запознава Giancarlo Giammetti со кого станува бизнис партнер. Во 1962 година е првата Couture ревија во Pitti Palace во Фиренца и е прифатена со воодушевување од критиката. Ова се смета за негов пробив и наскоро станува омилен на елитата. Апсолутна дизајнерска доминација воспоставува и на пазарот на мирисите. Партнерството со великаните Procter and Gamble престанува во 2010 година. Во истиот период започнува партнерството со една од најдоминантните компании на денешнината Puig со која продолжува да бележи успеси. На пазарот се лансирани 24 парфеми, во временска рамка од 1978 година до последниот во 2015година, со потпис на неговата компанија и по неговото повлекување од сцената.