Versace Blue Jeans Man Eau de toilette
3.290,00 ден
Врз основа на легендарниот истоименик, Blue Jeans for Him тоалетната вода е вистинскиот избор за мажи кои постојано си одат по својот пат. Инстантно чист и свеж со ноти на цитрус и босилек. Во срцевината, цветните ароми се сретнуваат со привлечните ноти на жалфија и ела. Пријатно топлата ванила, сандаловото дрво и тонка зрното, совршено го заокружуваат овој неконвенционален мирис.
Рок на траење (од отворање): 36 месеци
- За брендот
Versace
Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.







