Нема на залиха
Versace Bright Crystal Absolu Pour Femme Eau de parfum 90ml + мини 5ml + лосион за тело 100ml + гел за туширање 100ml
8.190,00 ден
Versace го претставува Bright Crystal Absolu, интензивна верзија на еден од најсаканите мириси во светот. Неверојатната живописност на yuzu (азиско цитрусно овошје) веднаш се истакнува помеѓу сочната калинка, креирајќи необична свежина, чиста и природна. Срцевината е збогатена со ноти на малина, нагласени од елеганцијата на божур, заедно со рафинираните ноти на магнолија и лотус цвет. Трагата евоцира интензивна сензуалност со скапоцениот растителен килибар, махагони дрво и мошус.
Сетот содржи: Versace Bright Crystal Absolu парфем за жени 90мл + мини 5мл + лосион за тело 100мл + гел за туширање 100мл
Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Dylan Purple е светол и елегантен мирис. Блескав бергамот е помешан со разиграните и весели тонови на свежо набран портокал, додека деликатните мириси на фрезија носат експлозија од светла виолетова боја. Елегантните облини на шишето потсетуваат на амфора, силно евоцирајќи ја класичната култура и митологијата која е длабоко врежана во имагинацијата на Versace. Името на брендот е спелувано во барокен стил на буквите.
Versace
Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.





