Versace Eros Pour Femme Eau de parfum 100ml + мини 5ml + гел за туширање 100ml + лосион за тело 100ml
8.410,00 ден
- Не можете да додадете таа сума во кошничката & mdash; имаме 1 на залиха и веќе имате 1 во вашата кошничка. Погледни кошничка
Страствен мирис кој доловува сила, индивидуалност и заводливост. Во светот на Donatella Versace, Eros Pour Femme е: „Врвна моќ и заведување од Versace, од прекрасниот мирис, па се до елеганцијата на шишето.” Златното шише ги прикажува кодовите на брендот Versace, вклучувајќи и изгравиран Greca мотив и тридимензионална Medusa. Мирисот доаѓа во елегантно пакување налик фиока.
Сетот содржи: Versace Eros парфем за жени 100мл + мини 5мл + гел за туширање 100мл + лосион за тело 100мл
Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци
- За брендот
Versace
Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.





