-25%

Versace Pour Homme Eau de toilette 50ml + гел за туширање 50ml + балсам за после бричење 50ml

Original price was: 5.280,00 ден.Current price is: 3.960,00 ден.

Достапност: Нема на залиха SKU: 8011003902989

Со зборовите на Donatella Versace, „Барав интензивен и решителен мирис кој ќе одговара на самоуверен и пред сè привлечен маж. Овој мажествен мирис е направен од есенцијални медитерански состојки со ароматични ноти, вклучувајќи цитрусна мешавина од бергамот и гераниум за доза леснотија, избалансирани со длабоки и сензуални ноти на килибар и мошус во основата.

Сетот содржи: Versace Man Pour Homme тоалетна вода за мажи 50мл + гел за туширање 50ml + балсам за после бричење 50ml

Versace

Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.