Versace Red Jeans Woman Eau de toilette
3.290,00 ден
Навистина пријатен, цветно-овошен мирис со кој ќе се чувствуваш удобно. Red Jeans for Her Eau de Toilette се отвора со вистински овошен коктел. Освежувачка доза фрезија ги претставува рајските цветни ноти во срцевината. Момина солза, роза, темјанушка, ylang-ylang и воден крин маѓепсуваат со нивните летни ароми. Основата од мошус, ванила и сандалово дрво ѝ дава на оваа овошно-цветна композиција доза пријатна тежина.
Рок на траење (од отворање): 36 месеци
- За брендот
Versace
Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.






