Xerjoff La Capitale Unisex Parfum
14.570,00 ден
Тешко е да се одолее на слаткото и пудресто искушение на La Capitale Xerjoff.
Се отвора со ноти на свежа јагода, праска и карамела, овој ориентален ароматичен мирис е сензуално патување низ топли состојки. Во срцевината, шафран од Иран, ѓумбир, роза и килибар “фрлаат“ опојна магија, додека класичната база од дрвенести ноти и ванила бурбон служи само за дополнително привлекување.
Рок на употреба (од отворање): 36 месеци
- За брендот
Xerjoff
Xerjoff е италијански луксузен бренд основан од Sergio Momo во 2003, кој нуди карактеристични мириси компонирани од најфините состојки, во ексклузивни пакувања. Редок микс од италијански стил, традиција и иновација. Суровините со највисок квалитет се специјално набавени ширум светот со цел да се создадат скапоцени парфеми кои го обвиткуваат оној кој ги носи во мирисно искуство, како ниту едно друго, и сместени во ексклузивни шишенца произведени во Италија од страна на најдобрите мајстори.











