YSL MYSLF Le parfum 60ml + travel size 10ml
8.680,00 ден
Оваа празнична сезона, уживај со YSL MYSLF празничниот сет.
Рок на употреба (од отворање): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Мирисна фамилија: Дрвенест, цветен, килибарен
Клучни ноти: Црн бибер, цвет од портокал, ванила бурбон
За мирисот: YSL MYSLF Le Parfum е смела изјава за само-прифаќањето, радикално интензивирање на оригиналниот MYSLF мирис. Многу повеќе од мирис, тој е манифест за модерниот маж кој ги прифаќа сите негови комплексности и нијанси. Овој интензивно богат и високо сензуален мирис ја отелотворува слободата да бидеш твоето најсирово јас, славејќи го контрастот кој ја дефинира индивидуалноста. MYSLF Le Parfum не е за усогласување со очекувањата, туку за поседување на твојот идентитет, без извинување.
Опис на мирисот: Создаден од парфимерите Daniela Andrier, Christophe Raynaud, и Antoine Maisondieu, MYSLF Le Parfum е радикализација на оригиналниот мирис, отсликувајќи мат, кадифеста сензуалност.
Мирисот се отвора со живописни и зачинети ноти. Црниот бибер е надополнет со зачинет коктел од топол цимет, свеж зелен кардамом и Vert de Bergamot, опфаќајќи ја живата есенција на овошјата на почетокот на бербата.
Во срцевината на мирисот лежи побогата, посензуална интерпретација на цвет од портокал. Оригиналниот апсолут од цвет од портокал од Тунис, е засилен од марокански цвет од портокал, создавајќи кадифеста флорална срцевина која бесрекорасно се спојува со твојата кожа.
Интензивната зависна основа ги продлабочува оригиналните дрвенести ноти со поизразена килибарна трага. Премиум ванила бурбон од Мадагаскар, добиена од одржливи извори, го зазема централното место на сцената, откривајќи ги своите најскапоцени страни и додавајќи топла сензуалност.
За шишето: Препознатливата YSL силуета е реинтерпретирана во црн мат монолит, контрастирајќи со сјајното лакирано YSL Cassandre лого. Овој смел дизајн ја доловува интензивноста на мирисот и само-изразувањето кое го претставува.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси го парфемот на пулсни точки како што се зглобовите, вратот и позади ушите. Избегнувај триење на зглобовите еден од друг, бидејќи ова може да придонесе за менување на мирисот. Прскај го парфемот на оддалеченост од околу 15-20 цм.
Yves Saint Laurent
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.








