Yves Saint Laurent Black Opium Eau de parfum 50ml + мини Lash Clash маскара + несесер
7.920,00 ден
Култниот мирис на кафе и цветови за електрични ноќи, сега во практичен сет.
Рок на траење (од отворање на производот): 24 месеци
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Препушти се на врвното искуство на ноќниот гламур со Yves Saint Laurent Black Opium Eau de Parfum и Mini Lash Clash маскара сет. Ова прекрасно дуо го комбинира култниот, привлечен мирис на Black Opium и драматичниот волумен и интензивна боја на Lash Clash маскарата, давајќи ти моќ да ја поседуваш ноќта со самодоверба и привлечност.
Black Opium Eau de Parfum е модерен класик, ремек дело од ноти на кафе и цветови, кој ја доловува возбудата на неочекуваното. Како црн дијамант, тој зрачи со неговиот субверзивен, тактилен квалитет. Темната, горчлива привлечност на зрна кафе се судрува со блескавоста на бели цветови, креирајќи тензија која е истовремено возбудлива и привлечна. Доза сензуална ванила додава слој од топлина и слабочина, оставајќи трага која ги гали сетилата и се задржува долго на кожата. Вметнат во светкаво црно шише, тој е мирис кој ја отсликува желбата и потрагата по незаборавни искуства.
Мирисот е надополнет од мини Lash Clash маскара во нијанса Overnoir Black. Оваа врвна маскара обезбедува екстремен волумен во интензивна боја, инстантно трансформирајќи ги трепките во драматична изјава. Големата четка ја покрива секоја трепка од коренот до врвот со богати, длабоко-црни пигменти, обезбедувајќи до +200% поголем волумен со еден потег. Формулата без мирис и без парабени е збогатена со негувачки екстракт од ирис Florentina, набран од Ourika Community градините на YSL Beauty, кој се грижи трепките да останат пополнети, меки и здрави. Искуси 24 часа носивост која не се размачкува и екстремен couture завршеток кој трае цела ноќ.
Овој ексклузивен сет вклучува 50ml Black Opium Eau de Parfum, мини Lash Clash маскара и стилски несесер за организирано чување на твоите неопходни работи. Искуси ја моќта на Black Opium и Lash Clash, и подготви се да ја освоиш ноќта со неприкосновена самодоверба и неверојатна привлечност.
Начин на користење:
Нанеси го парфемот на пулсни точки како што се зглобовите, вратот и зад ушите. Избегнувај триење на зглобовите еден од друг, бидејќи ова може да го промени мирисот. Прскај го мирисот на оддалеченост од 15-20цм.
Нанеси ја маскарата на горните и долните трепки со цик-цак движења од коренот до врвовите.
Yves Saint Laurent
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.





