-30%
Yves Saint Laurent Black Opium Glitter Eau de parfum
Price range: 4.000,00 ден through 7.855,00 ден
Заблескај со заводливиот сјај на гурманско-цветнaта композиција со кафе Black Opium Glitter.
Рок на траење (од отварање на производот): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
BLACK OPIUM EAU DE PARFUM GLITTER е блескава инкарнација на култниот мирис на Yves Saint Laurent. Секси, смел и крајно заводлив, овој мирис ја доловува жената која привлекува внимание и го прифаќа секој возбудлив момент. Таа блеска во темнината, зрачејќи со самоувереност и незаситна желба за животните уживања.
Како кратко светкаво фустанче кое ја “фаќа“ светлината, BLACK OPIUM EAU DE PARFUM GLITTER е неодоливо уживање. Ја земе препознатливата цветна нота и нота на кафе како и во оригиналниот мирис и ја збогатува со разиграна нота на мошусен маршмалоу. Ова ново гурманско искуство ја надминува обичната слаткост, нудејќи хипер-сензуално текстурно патување.
Изработен со мек, кадифест допир, нотата на мошусниот маршмалоу ги носи сетилата во блескав облак од чиста декаденција. Оваа иновативна состојка воведува невидено ниво на уживање, правејќи да се чувствувате посекси и посамоуверено од било кога. Балзамичната бурбон ванила, изработена ексклузивно за YSL Beauty, додава опасна доза во овој вкусен мирис, трансформирајќи го препознатливиот потпис на кафе од остро еспресо – во примамливо капучино.
Мирисот се отвора со експлозија од крцкава круша и светкава италијанска зелена мандарина, посебно одбрана поради своите исклучителни квалитети. Луксузната цветна срцевина спојува два префинети цвета од портокал: апсолут од портокал, кој открива посвежи, медени страни и ексклузивниот Ourika цвет од портокал од YSL Beauty Ourika Community градината во Мароко – тука користен за прв пат.
Самото шише е сведоштво за гламурозното наследство на YSL. Блескава експлозија од сребрени светки го покриваат култното BLACK OPIUM шише, кои ги одразуваат светките на couture фустаните и ја засилуваат смелоста и раскошот на овој свечен мирис. Неговото розево прозорче нуди вовед во опојниот свет на ноќните уживања, ветувајќи незаборавно искуство.
Yves Saint Laurent
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.













