-40%

Yves Saint Laurent Black Opium Illicit Green Eau de parfum

Original price was: 9.630,00 ден.Current price is: 5.780,00 ден.

SKU: 1295

СЕНЗУАЛНА ХЕРОИНА
На парадокс на сензуалноста. Black Opium Illicit Green жената е водена според своите сетила, воведувајќи нѐ во еден свечен и мирисен свет под зелени неонски светла. За неа ‘парфемот е задоволство’, подготвена е да се осмели, да танцува и да ужива цела ноќ.

НОВА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА МИРИСНА ЕНЕРГЕТСКА ДОЗА
Тајниот рецепт за овој мирис е инспириран од моктел? Во шејкер е помешана препознатливата нота на Black Opium со смели состојки. Кога нотите на свежо кафе се помешуваат со сочна зелена мандарина и кремаста смоква, настанува заразна и возбудлива доза адреналин.

СКАНДАЛОЗНО ЗЕЛЕНО. СКАНДАЛОЗНО СВЕТКАВО.
Зелен како ароматичниот сочен мирис кој го исполнува. Нијансата која го осветлува кружниот прозорец на новото шише на Black Opium мирисот, црпи инспирација од едно од безвременските и најскандалозни парчиња на Yves Saint Laurent кое го шокира светот на модата уште од 1971 година.

ПРВ МИРИСЕН МОКТЕЛ
BLACK OPIUM EAU DE PARFUM ILLICIT GREEN е смела и уникатна соработка помеѓу две инспиративни и талентирани жени: мастер парфумерката Nathalie Lorson и наградуваната коктел мајсторка од Париз, Margot Lecarpentier.

Тие заедно го “искривуваат“ потписот на кафе кој предизвикува зависност од Black Opium, со изненадувачка и сочна есенција од зелена мандарина и вкусен кремаст акорд на смоква.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Yves Saint Laurent

Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година.  Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.