-30%
Yves Saint Laurent Black Opium Over Red Eau de parfum
Price range: 4.000,00 ден through 7.855,00 ден
BLACK OPIUM отсекогаш бил знак на неодоливо уживање на сетилата, а со ова ново издание, сите сетила се уште повеќе интензивирани.
На самиот почеток избиваат нотите на црвена цреша со своата силна боја и незиниот сочен и бадемест мирис, толку интензивен така што можеш да го видиш ова примамливо овошје и неговата округла, сјајна заобленост на усните.
Вкусот на ликер на оваа сосема нова нота на цреша, ослободува вртлог од сензации како што нурнуваш во срцевината на BLACK OPIUM EAU DE PARFUM OVER RED. Препознатливата, малку темна срцевина на мирисот е поконтрастирана од било кога. Наспроти црвената лакирана сјајност на црешата, и цветот од портокал добива темноцрвена боја. И темната боја на нотите на доза еспресо добива рубин нијанси.
BLACK OPIUM EAU DE PARFUM OVER RED е изработен од состојки со врвен квалитет изработени специјално за YSL Beauty. Во оваа линија направена по мерка, клучните состојки од природно потекло на мирисот се деконструирани, а потоа реконструирани со помош на напредни техники за да се ослободи суштината на секоја нота.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Yves Saint Laurent
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.











