Yves Saint Laurent MYSLF Le parfum

Price range: 7.310,00 ден through 11.130,00 ден

SKU: 1928

MYSLF LE PARFUM – посензуална, поинтензивна верзија на оригиналниот MYSLF мирис. Високо сензуален, интензивно богат. Нова дрвенесто-флорална изјава, родена од неочекуваната средба на нежна флоралност и интензивна дрвенетост, придружена со инфузија ванила за нов неочекуван привлечен спој. Поинтензивен од било кога, мирисот се отвора со нотите на црн бибер и слатката топлина на цимет. Цветот од портокал го обвива мирисот со топли, богати и цветни ноти, додека пенливиот бергамот додава доза свежина.

Затоа што не се плашиш да ја прифатиш твојата сила и твојата сензуалност. Затоа што ништо никогаш не е црно-бело. Секогаш е контрастно. Едно нешто засекогаш ќе остане, MYSLF.

Yves Saint Laurent

Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година.  Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.