-25%
Yves Saint Laurent Y Eau de parfum Intense
Price range: 7.395,00 ден through 7.660,00 ден
Овој парфем за мажи го засилува препознатливиот Y мирис до екстремност со тоа што го зачинува, додавајќи сини бобинки од смрека. Вибрантната лаванда е контрастирана од дрвенестите ноти на пачули, за чист мирис кој е свеж, но и интензивно моќен. Длабоко син секси парфем со интензивност која трае цел ден со едно прснување.
Длабока сина нијанса го краси класичниот дизајн на шишето и ја истакнува неговата свежина и интензивност на мирисот. Светлото Y во сребрена боја го пресекува коцкастото шише за ултра-посакувано парче луксуз. Изјава на кул и елеганција.
„Y Eau de Parfum Intense го истражува контрастот помеѓу интензивната дрвенеста мешавина и многу свежите, зачинети горни ноти. Клучниот збор за овој нов Y е докажување, работи кои сакав да ги докажам за карактерот на Y и неговиот став и елеганција.” – мастер парфимер Dominique Ropion
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Yves Saint Laurent
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.









