Yves Saint Laurent Y Eau de parfum Refill
10.460,00 ден
Во 2018, Yves Saint Laurent Beauté ја претставува линијата мириси Y. Линијата е инспирирана од слободниот и иновативен дух на мажот кој го основал овој бренд, а мирисите карактеризираат смелост, свежина и младешка енергија.
Y Eau de Parfum го доловува мажот кој ги остварил неговите соништа и се движи напред кон иднината. Тој е маж кој се соочува со предизвиците пред себе и ништо не зема здраво за готово.
Горните ноти на мирисот претставуваат експлозија од бергамот и ѓумбир, додека нотите на јаболко дополнително ја засилуваат свежината на мирисот. Нотите на жалфија и смрека ја обележауваат срцевината во комбинација со ментол и есенција од гераниум која како и позадината на Y парфемот, совршено го отсликува Y мажот. Основните ноти се нагласени од ноти на килибарно дрво, олибанум и тонка зрно. Мирисот е длабок, свеж и мажествен.
Рок на траење на производот (од отворање): 24 месеци
- За брендот
Yves Saint Laurent
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.














