-30%
Ajmal Incense Wood Unisex Eau de parfum
Original price was: 12.300,00 ден.8.610,00 денCurrent price is: 8.610,00 ден.
Парфемот Incense Wood те носи во небесното царство со својата волшебна арома. Овој извонреден мирис, збогатен со смели зачинети ноти, е прекрасно надополнет со дарежливата инфузија од темјан и егзотичната привлечност на дрво кашмир. Нурни се во ова мирисно ремек-дело и искуси постојана состојба на спокојство, каде твојот ум наоѓа утеха и мир. Дозволи парфемот Incense Wood од Signature колекцијата на Ajmal да ги издигне твоите сетила во нови височини.
- За брендот
Ajmal
Приказната за основачот на Ajmal, Late Haji Ajmal Ali, е вистинска инспирација. Роден во фамилија на огледувачи на ориз во мало село во Индија, тој од рана возраст сфаќа дека земјоделството нема да обезбеди доволно за него и неговата фамилија. Откако слушнал за трговијата на Oud и како таа може да ги промени работите за опстанок, решава да ја предизвика својата судбина и со оваа одлука ќе ги постави темелите за Ajmal. Во 1951 година се сели во Мумбаи и ја отвора својата прва продавница. Останатото е историја. Со чесна и макотрпна работа, искреност и посветеност, тој полека и стабилно го гради својот бизнис. Ajmal во својата 60 годишна историја на креирање мириси ја совладува уметноста на правење парфеми и зазема уникатна нишка во светот на парфимеријата во Блискиот Исток. Денес, Ajmal е регионален корпоративен ентитет со богато портфолио од едни од најдобрите мириси во светот.






