-30%

Ajmal Ruby Blossom Eau de parfum for women

Original price was: 1.900,00 ден.Current price is: 1.330,00 ден.

SKU: 1980

Ruby Blossom од Ajmal еовошен парфем за жени. Тој ја отелотворува безвременската елеганција и блескавата сензуалност. Неговата парфемска композиција е креирана за жени кои го ценат префинетиот вкус и бараат нешто што ќе ја поттикне нивната убавина во секоја ситуација.

Ruby Blossom е славење на женственоста, носејќи совршен баланс помеѓу свежината и длабочината. Блескавите ноти на бергамот, портокал и лимон, се искомбинирани со јаболко, праска и слатка диња. Вибрантната овошна симфонија постепено се претвора во основа од топли ноти на килибар, ванила и мошус. Совршен мирис кој одговара на секоја самоуверена жена.

Ajmal

Приказната за основачот на Ajmal, Late Haji Ajmal Ali, е вистинска инспирација. Роден во фамилија на огледувачи на ориз во мало село во Индија, тој од рана возраст сфаќа дека земјоделството нема да обезбеди доволно за него и неговата фамилија. Откако слушнал за трговијата на Oud и како таа може да ги промени работите за опстанок, решава да ја предизвика својата судбина и со оваа одлука ќе ги постави темелите за Ajmal. Во 1951 година се сели во Мумбаи и ја отвора својата прва продавница. Останатото е историја. Со чесна и макотрпна работа, искреност и посветеност, тој полека и стабилно го гради својот бизнис. Ajmal во својата 60 годишна историја на креирање мириси ја совладува уметноста на правење парфеми и зазема уникатна нишка во светот на парфимеријата во Блискиот Исток. Денес, Ajmal е регионален корпоративен ентитет со богато портфолио од едни од најдобрите мириси во светот.