Нема на залиха

Ajmal Sacred Love Eau de parfum

1.350,00 ден

SKU: 1809

Парфемот Sacred Love е сладок мирис кој го затоплува срцето на жената со чувство на романтика. Цитрусниот, свеж и флорален почеток веднаш му дава на срцето чувство на радост кое може да го предизвика само љубовта. Флорално-мошусната свежа срцевина ја прегрнува со страстна топлина, откривајќи ја нејзината магична енигма на светот со секој нејзин чекор. Мирисот поседува свежа, мошусно-флорална основа, која дополнително ја нагласува неговата слатка магија на романса. Со состојки како воден крин, јасмин, праска, сандалово дрво, ветивер и килибар, Sacred Love е најблиску до легендарната напивка на љубовта.

Ajmal

Приказната за основачот на Ajmal, Late Haji Ajmal Ali, е вистинска инспирација. Роден во фамилија на огледувачи на ориз во мало село во Индија, тој од рана возраст сфаќа дека земјоделството нема да обезбеди доволно за него и неговата фамилија. Откако слушнал за трговијата на Oud и како таа може да ги промени работите за опстанок, решава да ја предизвика својата судбина и со оваа одлука ќе ги постави темелите за Ajmal. Во 1951 година се сели во Мумбаи и ја отвора својата прва продавница. Останатото е историја. Со чесна и макотрпна работа, искреност и посветеност, тој полека и стабилно го гради својот бизнис. Ajmal во својата 60 годишна историја на креирање мириси ја совладува уметноста на правење парфеми и зазема уникатна нишка во светот на парфимеријата во Блискиот Исток. Денес, Ajmal е регионален корпоративен ентитет со богато портфолио од едни од најдобрите мириси во светот.