Armani Privé Iris Bleu Eau de Toilette
Price range: 10.790,00 ден through 15.190,00 ден
Исклучителен цветен мирис кој се сретнува со свежината на морето.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Iris Bleu од колекцијата Les Eaux Haute Couture на Armani/Privé е мирисно патување до срцето на Медитеранот.
Инспириран од омилените дестинации на Giorgio Armani, овој опоен мирис те носи во бескрајниот хоризонт каде небото се прегрнува со морето.
Во неговата срж, блескавиот цвет ирис, често нарекуван и „синото злато на парфимерите“, се спојува со нежните зелени ливчиња на јасмин Grandiflorum.
Оваа извонредна цветна хармонија ја буди безграничната елеганција на отвореното небо.
Нежен превез од бел мошус ги обвива сетилата, одразувајќи ја смирувачката топлина на Медитеранското море во зора.
Доживеј ја спокојната убавина на Iris Bleu, мирис што ја доловува магијата на бескрајното морско синило.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.
Armani Privé
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.









