Armani Privé Jasmin Kusamono Eau de Toilette
Price range: 10.790,00 ден through 15.190,00 ден
Jasmin Kusamono претставува израз на љубовта на Giorgio Armani кон цветната уметност и кон „кусамоно“ – јапонска техника на цветни композиции инспирирана од древната уметност на бонсаи.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Jasmin Kusamono е израз на љубовта на Џорџо Армани кон цветната уметност и кон кусамоно – јапонска техника на цветни композиции инспирирана од древната уметност на бонсаи.
Како кусамоно, кое бара големо внимание за да ја задржи својата убавина, овој унисекс мирис претставува совршена изведба на моноцветен парфем: минималистички, но сепак богат со нијанси. Водената, кристално чиста композиција го доловува мирисот на јасмин на разденување, во моментот кога неговите венчиња се отвораат во комбинација со дрвенестите базни ноти кои ѝ даваат долготрајна аура.
Новиот парфем е сместен во препознатливото шише со квадратна форма на Armani/Privé, кое тука добива помодерен и посветол изглед во рамките на целата колекција „Les Eaux“. Сјајното црно капаче создава елегантен контраст со кривините и чистите линии на квадратното шише. Тивката сила на Jasmin Kusamono се одразува во нежно зеленикавата нијанса на течноста, како капка вода што се лизга преку Jasmine Kusamono.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.
Armani Privé
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.






