Armani Privé Rose d’Arabie Eau de Parfum Intense
22.840,00 ден
- Не можете да додадете таа сума во кошничката & mdash; имаме 3 на залиха и веќе имате 3 во вашата кошничка. Погледни кошничка
Откријте го Rose d’Arabie од Armani/Privé – величествена ода на раскошната, килибарна роза од Дамаск, опојна и брановидна како пустинска мелодија.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Откријте го Rose d’Arabie од Armani/Privé – величествена ода на раскошната, килибарна роза од Дамаск, опојна и брановидна како пустинска мелодија.
Rose d’Arabie е инспириран од најпрекрасната меѓу сите рози – кралската роза, инкарнација на килибарната сензуалност во визијата на Giorgio Armani. Овој унисекс мирис е величествена ода на раскошната роза од Дамаск, откривајќи ги сите црвени нијанси во своите ливчиња, од кралска виолетова – до длабока, заводлива црвена. Уникатно благороден, жежок и екстравагантен.
Опојната роза ја открива својата смела сензуалност, процветувајќи од зачинетите ноти на шафран – во сревина од пачули и темни дрвенести акорди, за конечно да се предаде на раскошната топлина на златниот килибар.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.
Armani Privé
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.







