Armani Privé Rose Milano Eau de Toilette

Price range: 10.790,00 ден through 15.190,00 ден

SKU: 1110-2-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1

Chyprе-цветна композиција, обвиена во бисерен, свилест облак.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Откријте го Rose Milano Soie De Nacre од Armani/Privé – мирис што ја спојува деликатната роза од Дамаск со земјените “chypre” нијанси, збогатен со бисерно-свилени честички што ѝ подaруваат светлинa на кожата.

Rose Milano Soie De Nacre претставува нова интерпретација на оригиналниот haute couture мирис замислен од Џорџо Армани како омаж за Милано. Град што е повеќе од симбол на модата – тој е домот на самата естетика на Џорџо Армани. Преку овој препознатлив мирис, тој ја доловува миланската елеганција – сурова, но префинета во исто време.

Армани ја реинтерпретира розата со цитрусните и сочни ноти на Primofiore лимон, внесувајќи светлина во величествената роза од Дамаск, додека земјените ноти на модерниот пачули ја претвораат композицијата во препознатлив, елегантен “chypre” акорд.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.

Armani Privé

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.