Armani Privé Santal Dansha Eau de Toilette

Price range: 10.790,00 ден through 15.190,00 ден

SKU: 1110-2-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1

Топла, кремаста арома на сандалово дрво.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Мирис на сандалово дрво со свежа арома од бергамот. Унисекс мирисот Santal Dān Shā е инспириран од возвишениот спокој на кинеските царски палати и нивните тивки градини во летниот период. Позната како dān shā, уникатната цинабар нијанса на сандаловото дрво, ја одразува величественоста на фасадите на царските палати, дарувајќи му го на Santal Dān Shā неговото волшебно име.

Дрвенестиот, но освежувачки мирис на бергамот во Santal Dān Shā пренесува летен ветер што тивко минува низ градините на царските палати. Во себе ја спојува топлата, балсамична сензуалност на сандаловото дрво со свежината на бергамот и ароматичните зачини на кардамонот.

Спојувајќи ги овие елегантни ноти, овој опоен, кремаст мирис на сандалово дрво се буди под дејството на освежувачкиот бергамот, создавајќи го величествениот и смирувачки ефект на Santal Dān Shā.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.

Armani Privé

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.