Armani Privé Vétiver D’Hiver Eau de Toilette

Price range: 10.790,00 ден through 15.190,00 ден

SKU: 1110-2-1-1-1-1-1-1-1-1-1

Откријте го Vétiver d’Hiver – мирисот од Armani Privé што ја испреплетува свежината на цитрусните акорди со топлиот, дрвенест ветивер, инспириран од магичната градина во зимскиот Санкт Петербург.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Откријте го Vétiver d’Hiver – мирисот од Armani Privé што ја испреплетува свежината на цитрусните акорди со топлиот, дрвенест ветивер, инспириран од магичната градина во зимскиот Санкт Петербург.
Vétiver d’Hiver произлегува од фасцинацијата на Џорџо Армани со градините на Зимскиот дворец во Санкт Петербург, каде раскошната вегетација опстојува заштитена од замрзнатите предели што го опкружуваат градот.
Ова мирисно дело ја одразува возвишеноста на природата која без напор се приспособува на најсуровите руски зими. Светкав мирис што игра со контрастот помеѓу суви текстури и свежи акорди – како зелени листови што изникнуваат од врелата пустинска земја, елегантен и префинет како современ џентлмен. Овој контраст се открива преку преплетувањето на земјени и дрвенести нијанси со блескава свежина. Живоста на бергамот и лимоновата свежина создаваат експлозија од цитрусни акорди кои ја освежуваат топлината на ветиверот и сувата земјена подлога.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.

Armani Privé

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.