Atkinsons Shine Despite Everything парфем за мажи и жени

16.750,00 ден

SKU: 1986

Shine Despite Everything е омаж на легендарното мото на Sarah Bernhardt, реномирана француска актерка и прогресивна икона на доцниот 19-ти век и раниот 20-ти век. Широко позната како првата модерна славна личност во светот, таа исто така била и модна икона, визионерка и остроумна деловна жена која ги предизвикувала родовите граници.

Божествената Sarah, како што била позната, била универзално опишана како екстравагантна, авангардна и харизматична и сите овие три особини се пренесени во трите главни состојки на овој Parfum Intense.

Екстравагантната нота е зачинета мешавина од изобилство и софистицираност, збогатена од гламурозна комбинација од семе од куркума и темјан Orpur™ кои го отвораат мирисот со незаборавен потпис.

Авангардната нота е богата мешавина од ирис Orpur™ засилен од неочекувана, привлечна карамела и килибарни ноти на Rosyfolia Orpur™ кои додаваат топла и смолеста длабочина.

Харизматичната нота го комбинира прекрасните ноти на кумарин и ванила со премиум квалитет, заокружени со Akigalawood за волшебно нежна, хипнотична трага.

Дел од Atkinsons 1799 Reserve колекцијата, Shine Despite Everything е величествен, гламурозен мирис посветен на оние кои, како и божествената Sarah, не се плашат од славата и се соочуваат со животот со упорност и интензивност.

Atkinsons

Со парфеми за вистинските остроумници, брендот Atkinsons е основан во Лондон во 1799 година од страна на James Atkinson. Откако бил прогласен за официјален парфимер на Кралскиот двор на Англија во 1826 година од Кралот George IV, богатата историја на парфемската куќа ја дочекувала најаристократската и најексклузивната клиентела ширум светот. Потпирајќи се на 200 години британски стил и ексцентричност, Atkinsons нуди комплетна колекција парфеми, како и мириси за во бања и домот, внимателно модернизирана, но сепак одлучно верна на силната традиција на англиската парфимерија. Повторно осмислувајќи го наследството на парфемот, неконвенционалната Atkinsons колекција за мажи и жени се полни со длабоко британски карактер.