Нема на залиха

Dolce & Gabbana Light Blue Intense Eau de parfum

Price range: 6.400,00 ден through 8.600,00 ден

SKU: 1866

Мирис во кој елеганцијата се сретнува со свежината, единствениот Dolce and Gabbana Light Blue достапен и во интензивна верзија. Создаден за софистицирани дами, овој парфем ветува незаборавно мирисно патување од моментот кога ќе ја допре твојата кожа. За прв пат се појавува на пазарот во 2017-та, но набрзо станува неопходен дел од колекцијата на жените кои сакаат да бидат обожавани од околината.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Dolce & Gabbana

Dolce & Gabbana е италијанска луксузна модна куќа, основана во 1985-тата година од страна на италијанските дијзанери Domenico Dolce и Stefano Gabbana. Тие се сретнуваат во Милано во 1980 година каде тоа време дизајнираат и работат како асистенти за модниот дизајнер Giorgio Correggiari. По неколку години работа како колеги, во 1982 даваат отказ и отвораат свое дизајнерско консултантско студио, каде се уште дизајнирале за други брендови се додека не го основаат нивниот. Три години подоцна, во 1985 година во Милано е основан брендот Dolce & Gabbana, а истата година тие ја претставуваат и својата прва женска колекција. Првиот парфем на брендот е Dolce&Gabbana Pour Femme, кој е наречен еден од најдобрите парфеми претставени во последните 20 години. Синоним за италијанскиот гламур и сицилијанската традиција, Dolce & Gabbana нуди луксуз на еден модерен и неконвенционален начин, комбинирајќи ја силната иновација со медитеранскиот вкус. Dolce & Gabbana го преточува гламурот од нивните колекции на пистите, во сензуални мириси, црпејќи инспирација од медитеранските корени на брендот.