Emporio Armani Power Of You Eau de parfum
Price range: 4.760,00 ден through 8.580,00 ден
Emporio Armani го претставува Power of You, мирис кој нуди софистицирани гурмански ноти. Добиваш неодолива, слатка топлина од сензуалната ванила, но прекрасно помешана со светол, жив наплив од маракуја.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Emporio Armani го претставува POWER OF YOU, софистицирана композиција во која неодоливата слаткост на сензуалната ванила совршено се испреплетува со живата свежина на маракуја.
Мирисот се отвора со сочна маракуја, носејќи бран од свежина и енергија која го подигнува расположението и зрачи со самодоверба. Потоа, нежен прозрачен вел од цветот франгипани грациозно ја поврзува овошната експлозија со длабока, заводлива нота на ванила. Апсолутот од темна ванила е токму тој кој обезбедува топлина која го обивива оној кој го носи и создава волшебна длабочина, која им овозможува на посветлите ноти вистински да заблескаат и да го трансформираат секојдневието во сензуална ноќ.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.
Да се чува подалеку од топлина, жешки површини, искри, отворен пламен и други извори на топлина. Пушењето е забрането.
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.







