Emporio Armani Stronger With You Absolutely Parfum
Price range: 6.350,00 ден through 9.000,00 ден
Emporio Armani Stronger With You Absolutely е парфем инспириран од моќта на апсолутната љубов. Рафиниран мажествен мирис збогатен со привлечни нови ноти на рум, како и ноти на лаванда, набрана на еколошки свесен начин во Франција, која на неодолив начин е придружена со сочни и овошни страни.
Мирисот комбинира ноти на топла ванила набрана во Мадагаскар, поддржувајќи ги локалните заедници, како и интензивни “зачадени“ ноти на кедрово дрво од Вирџинија – САД, за да се заокружи овој моќен мирис.
Култниот мирис е сместен во шише обоено во зачадени нијанси, со цел да се долови апсолутната моќ на парфемот.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.















