Emporio Armani Stronger With You Intensely Eau de parfum

Price range: 4.760,00 ден through 8.580,00 ден

SKU: 841

Emporio Armani Stronger With You Intensely креиран од Cécile Matton (MANE) претставува впечатливо мажествен, вибрантен  и заводлив мирис. Во горните ноти на мирисот розевиот бибер се прелева со акорд на ванила. Дрвенестите ноти на килибар во основата, претставуваат поинтензивна интерпретација од оригиналот, каде современата елеганција и мледешката безгрижност ги пренесуваат нотите на лаванда во самата срцевина на мирисот.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.