-25%

Emporio Armani Stronger With You Spices Eau de parfum

Original price was: 8.100,00 ден.Current price is: 6.075,00 ден.

SKU: 1994-1

Разбуди ја сензуалната привлечност на зачинетите ноти со новиот Stronger With You Spices. Овој интензивен fougère килибарен-зачински мирис доаѓа во металик шишенце со боја на теракота, која ја доловува топлите песочни тонови на пустинските дини.

Рок на траење (од отворање на производот): 24 месеци

Опис

Откриј го новиот Stronger With You Spices, интензивен fougère килибарно-зачинет мирис вметнат во металик шишенце со боја на теракота, која ги доловува топлите песочни тонови на пустинските дини. Станува збор за нов сензуален, зачинет и топол мирис, збогатен со култниот fougère-килибарен потпис на линијата Stronger With You.
Мирисот се отвора со жива свежина од зачини, надополнети со цитрусните и дрвенести аспекти на екстракт од црн бибер. Оваа препознатлива топлина е дополнително засилена од срцевината на мирисот, дефинирана со суптилните горчливо-слатки ноти на акорд од шафран, испреплетени со трио зачини и ароматична есенција од лаванда. Вкусната и раскошна база открива неодолива фузија од премиум екстракт од бурбон ванила.
Препознатливото шишенце Stronger With You Spices е трансформирано во впечатливо ново руво. Уникатното металик шишенце со боја на теракота потсетува на песочните дини, додека златното капаче е украсено со препознатливите прстени.

Начин на користење:
Нанеси на пулсни точни: зглоб, внатрешноста на лактот и вратот. За постигнување долготрајна трага, завршете го нанесувањето со двојни кружни движења, прснете го мирисот околу главата и кон рамената.

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.