-25%
Giorgio Armani Acqua di Gio Profondo Eau de toilette
Price range: 4.285,00 ден through 5.800,00 ден
Giorgio Armani го претставува ACQUA DI GIÒ PROFONDO EAU DE TOILETTE, мирис со нова свежа интензивност, кој ја доловува возбудата од нурнување во свежината на океанот.
Рок на користење (од отворање): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Giorgio Armani го претставува ACQUA DI GIÒ PROFONDO EAU DE TOILETTE, мирис со нова свежа интензивност, кој ја доловува возбудата од нурнување во свежината на океанот. Контраст од зачини и пикантен грејпфрут, енергизирани од свежината на чемпрес и растителната длабочина на лавандин.
Симболично за освежувачкиот шарм на ACQUA DI GIÒ PROFONDO EAU DE TOILETTE, препознатливото шишенце на Acqua Di Giò е обоено во градуирани, матирани сини тонови, потсетувајќи на нијансираните нијанси на најдлабоките мориња.
КЛУЧНИ НОТИ:
ЕСЕНЦИЈА ОД ЛИМОН И СВЕЖИ ЗАЧИНИ
Нурнувањето во морето започнува со острината на есенција од лимон, која се развива во прекрасна мешавина од свежи зачини. Овие горни ноти ги надополнува есенција од грејпфрут, со својот светол овошен квалитет, каде разнобојните страни евоцираат елементарен контраст.
ЕСЕНЦИЈА ОД ЛАВАНДИН И ВОДЕНИ НОТИ
Длабочините на океанот се појавуваат во срцевината на мирисот, како што е есенцијата од чемпрес, со нејзините зачинети, смолести и камфорни ноти, кои се испреплетуваат со билната, ароматичена есенција од лавандин. Нотите во срцевината ги обединува моќната водена свежина на Calone, водена нота која е потпис на сите ACQUA DI GIÒ мириси.
ПАЧУЛИ И ДРВЕНЕСТИ МИНЕРАЛНИ НОТИ
И, за да ја долови смелата сила на морето, пачули од Гватемала ја позејмува својата дрвенеста земјеност на мирисот, збогатувајќи го со солената сензуалност на дрвенестите минерални ноти, рефлектирајќи ја чистата моќ на елементите.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Мирисот се засилува со топлината на твоето тело. Нанеси го во внатрфешниот дел на лактите и на пулсните точки за силен и долготраен мирис. По нанесување на мирисот, избегнувај триење или тапкање на кожата. Тоа го разградува мирисот и може да предизвика негово побрзо исчезнување. Ако нанесуваш мирис на зглобовите, задолжително нанеси го повторно по често миење на рацете, бидејќи тоа обично влијае на отстранување на мирисот.
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.









