-25%
Giorgio Armani Acqua di Gioia Intense Eau de parfum
Price range: 5.325,00 ден through 7.465,00 ден
Gioia е линија која ја доловува суштината на природните елементи, создавајќи атмосфера од универзален оптимизам и позитивност.
Aqua di Gioia Intense е флорално-дрвенест мирис за жени, кој содржи ноти на лимон, Wrightia religiosa цвет (јасмин) и кедар за дрвенесто-цитрусен мирис. Креиран за веселите, оптимистични жени со слободен дух, кои се во совршена хармонија со природата и со самите себе.
Интензивно свежа и пенлива. За светло италијанско лето кое трае засекогаш. Препознатливиот цветен и дрвенест јасмин, надополнет со нови цитрусни овошја и сочни ноти. Кога бескрајниот сјај на пладневната сончева светлина ги грее длабочините на медитеранското синило. Оживеј го мирисот на интензивната радост за да направиш твојот ден да трае засекогаш.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.









