Giorgio Armani Code Eau de parfum
Price range: 5.340,00 ден through 10.900,00 ден
ARMANI CODE EAU DE PARFUM е последната мирисна композиција, која открива нова примамлива интензивност во асортиманот на ARMANI CODE франшизата.
Килибарно-зачинетиот мирис хармонизира ноти на есенција од зелена мандарина, која понатаму се развива во динамична свежина надополнета со топла ароматична есенција од морско оревче. Мирисот открива мажествена сензуалност во неговата основа, нагласена од присуството на богат апсолут од тонка зрно.
Претставен во впечатливо шишенце кое може повторно да се полни. Како и останатиот асортиман, шишето има квадратен, но заоблен облик во елегантна црна боја со контрастни бели букви. Со неговиот динамичен и воодушевувачки ефект, ARMANI CODE EAU DE PARFUM ги краси и засилува мирисните потписи на линијата.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.











