Giorgio Armani Code Parfum 75ml + travel size 15мл

9.510,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614274337105

Силен, но истовремено и чувствителен, ARMANI CODE PARFUM повторно го осмислува мирисниот потпис на оригиналниот ARMANI CODE мирис. Задржувајќи го неговиот дрвенесто-ароматичен идентитет, ARMANI CODE PARFUM ја доловува суштината на ARMANI CODE. Ова е изразено во ариматичните горни ноти на и мажествените базни ноти, со срцевина збогатена  со засилена сензитивност. ARMANI CODE PARFUM, моќен, но чувствителен мирисен потпис.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.