Giorgio Armani My Way Sunny Vanilla Eau de parfum

Price range: 5.830,00 ден through 11.090,00 ден

SKU: 1110-111

Прегрни ја топлината на новиот хоризонт со My Way Sunny Vanilla, вкусна, сончева интерпретација на култниот потпис на My Way. Овој весел цветно-овошен парфем е покана да се сончаш во сјајот на новите откритија, доловувајќи го чувството на златно попладне каде секоја нота раскажува приказна за поврзаност и свесна убавина.

Инспириран од жената која е љубопитна, автентична и подготвена да ги прошири своите хоризонти, Sunny Vanilla е доказ за посветеноста на Armani кон планетата. Создаден со свесно набавени состојки од целиот свет, од полињата на Индија до бреговите на Мадагаскар, ова е женски парфем кој го почитува светот што го истражуваме и луѓето кои ги среќаваме по патот.

Овој цветно-овошен мирис се отвора со експлозија од ноти на ананас. Во срцевината, туберозата, препознатливиот потпис на My Way, носи цветна и сончева сензуалност, надополента и засилена од свежината на јасмин. Базата содржи инфузија од ванила, откривајќи нежна топлина.

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.