Giorgio Armani My Way Nectar Eau de parfum

Price range: 5.800,00 ден through 11.130,00 ден

SKU: 1786

Вкусната фузија од цветови и овошја на MY WAY NECTAR EAU DE PARFUM открива младешки, спонтан нов аспект на MY WAY.

Во мирисното дело на мастер парфимерот Carlos Benaïm, MY WAY NECTAR EAU DE PARFUM се отвора со горни ноти кои ги нагласуваат свежите и сочни ноти на круша, кои се помешани со зелените и ароматични ноти на овошето rhubarb.

Овие овошја се искомбинирани со цитрусната срцевина на бергамот и мирисот на цвет од портокал, двата потписи на MY WAY франшизата. Ефектот на нотата од цвет од портокал е изработена со модерен процес на екстракција, која ги потопува цветовите портокал во есенција од горчлив портокал. Оваа светла нота е искомбинирана со акорди на круша и свежо масло од бергамот, за да се истакне јадливата привлечност на мирисот.

Срцевината од листовите темјанушка исто така служи за да се истакне и интензивира белиот цветен букет на MY WAY, компониран од кремаста срцевина од тубероза и инфузија од свеж јасмин grandiflorum. Билните ноти на листовите темјанушка носат уникатна острина во мирисот.

Во основата, акордите на бели дрва се потопени со топло, сензуално кедрово дрво, заразна бурбон ванила и ноти на бел мошус, како би се креирал пудрест и чист мирис со ефект на втора кожа.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.