Giorgio Armani My Way Ylang Eau de parfum

Price range: 5.800,00 ден through 11.130,00 ден

SKU: 1995

Прегрни го радосниот оптимизам со блескавиот цветно-овошен мирис MY WAY Ylang.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Опис

MY WAY EAU DE PARFUM YLANG те кани на блескаво и радосно мирисно патување, доловувајќи го разиграниот и оптимистичен дух отворен кон бескрајните животни можности. Овој светол цветно-овошен мирис, живописно дополнување во MY WAY колекцијата, ја доловува суштината на прифаќањето на својот единствен пат. Шишето во корална нијанса, кое зрачи со топлина и енергија, го прикажува мирисот дизајниран да инспирира и возвишува.

Мирисот се отвора со експлозија од сочно манго, нова вкусна страна на MY WAY мирисниот потпис. Оваа раскошна овошност се испреплетува со оживувачкото масло од ѓумбир, креирајќи разиграно, енергично отворање како експлозија од сончеви зраци. Маслото од бергамот и нежниот букет од бели цветови ја засилуваат оваа живописност.

Во срцевината на мирисот се открива вооушевувачки контраст. Освежувачката кокосова вода внесува млечна, билна нијанса, испреплетувајќи се со топлите и флорални страни на цветот ylang ylang. Оваа блескава заразна арома евоцира безгрижен оптимизам. Опојниот букет од бели цветови од тубероза, заштитен знак на елеганцијата на MY WAY, додава доза безвременска софистицираност.

Основата го продлабочува заразниот квалитет на кокосовата вода со дрвенестата живописност на масло од кедар, помешано со носталгичната слаткост на премиум ванила бурбон од Мадагаскар. Ванилата се открива со својот пудрест, нежен и прекрасен квалитет. Белите мошуси ја приземјуваат композицијата со доза чистина.

Радосното шише во корална нијанса, во препознатливата MY WAY коцкаста, но сепак заоблена силуета, го доловува светлиот, овошен карактер на мирисот. Проѕирното стакло му овозможува на џусот да заблеска одвнатре, рефлектирајќи ги сончевите нијанси. Коралното капаче, кое е како талисман, евоцира топлина и оптимизам. Златниот прстен на кој е изгравирано “Giorgio Armani” го опкружува капачето, додавајќи префинета елеганција. Корална панделка го краси грлото на шишето. Шишето во живописната нијанса претставува разиграна нова страна на MY WAY, доловувајќи ја неговата заразна блескавост.

MY WAY EAU DE PARFUM YLANG носи разиграно, сончево расположение на колекцијата. Сончевиот мирис спојува сончев, кремаст ylang ylang со овошно манго и млечна кокосова вода, испреплетени со срцевина од тубероза, ванила и бели мошуси. Цветот ylang ylang кој е добиен на одржлив начин во тропската клима на Мадагаскар, се бере рачно, обезбедувајќи исклучително квалитетен екстракт за овој исклучителен мирис.

Начин на користење:
Нанеси на пулсни точни: зглоб, внатрешноста на лактот и вратот.

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.