Giorgio Armani Si Eau de parfum 50ml + travel size 10ml

8.240,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614274821956

Влези во светот на игрите со Armani. Овој сет е украсен со мотиви од играта “табла“ , симбол на елеганција и префинетост , рефлектирајќи го духот на Sì жената.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

Опис

Влези во светот на игрите со Armani. Овој сет е украсен со мотиви од играта “табла“ , симбол на елеганција и префинетост , рефлектирајќи го духот на Sì жената.
Giorgio Armani Sì Eau de Parfum е chypre-овошен мирис кој се отвора со привлечен наплив на нектар од црна рибизла, што води до срце од модерен chypre и фрезија. Мирисот се сместува во топла и сензуална база од мошусно русо дрво и ванила, создавајќи незаборавен мирисен потпис кој е истовремено безвременски и современ. Отелотворува самодоверба, страст и бестрашен дух, што го прави совршен за празничната сезона, но и понатаму. Збогати го твоето мирисно патување со луксузниот лосион за тело Sì. Неговата свиленкаста текстура се топи на кожата, обезбедувајќи длабока хидратација и оставајќи ја мека, еластична и нежно намирисана со заводливата арома на Sì. Започни го твојот ритуал со освежувачкиот гел за туширање Sì, кој ја чисти и освежува кожата, обвиткувајќи те во елегантните ноти на мирисот уште од првиот чекор од твојата рутина за убавина. Овој празничен сет Giorgio Armani Sì е повеќе од само подарок, тој е покана да се препуштиш на грижата за себе и да ја прифатиш софистицираната женственост.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси го парфемот на пулсни точки како што се зглобовите, вратот и позади ушите. Избегнувај триење на зглобовите еден од друг, бидејќи ова може да го промени мирисот. Прскај го мирисот на оддалеченост од околу 15-20цм.

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.