Giorgio Armani Si Eau de parfum 50ml + лосион за тело 50ml + гел за туширање 50ml
7.920,00 ден
Совршената дефиниција на есенцијата од италијанскиот вкус е сокриена во Armani Sì Eau de Parfum. Мирисот е креиран за сите харизматични жени со стил. Комбинацијата од цветните ноти на црна рибизла и фрезија ќе го размрда твоето срце. Кажи “sì” на слободата, соништата, љубовта и себеси. Со овој италијански мирис, ќе се чувствуваш шик под секакви околности. Почетните слатки ноти на црна рибизла ќе те обвиткаат околу нивниот прст. Како што нивната интензивност слабее, елементите на фрезија и роза ќе стапат на сцена. Конечно, аромата на амброксан, пачули, топлата ванила и дрвенестите ноти, ќе го заокружат ова прекрасно сензорно искуство.
Рок на употреба (од отворање): 24 месеци
- За брендот
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.





