Giorgio Armani Si Passione Red Musc Eau de parfum

Price range: 6.150,00 ден through 12.180,00 ден

SKU: 2049

Sì Passione Red Musk: Живописна црвена, мошусна јагода и роза, ги будат страстните срца. Заводлив мирис за модерната жена која го живее животот со полни гради.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Опис

Sì Passione Red Musk, новото дополнување во Sì Passione колекцијата, е возбудлив и живописен мирис, која ја доловува чистата страст. Овој прекрасен мирис ги буди сетилата со неговата блескава срцевина од мошус, збоигатена со раскошната енергија на јагодата и безвременската елеганција на розата. Креиран од парфимерите Gabriela Chelariu и Honorine Blanc, оваа интерпретација на Sì Passione пулсира со светол, нежен и сензуален мошус кој совршено се вклопува со природната блажина на екстрактот од јагода и кадифестата привлечност на розата. Кремастата млечна нота го засилува интензитетот, додека дозата ванила додава доза длабочина и сензуалност.
Мирисот се отвора со експлозија од мирисна јагода, разгорувајќи ја вибрантната срцевина од мошус, доловувајќи ја суштината на свежо набрани бобинки. Нотите на мандарина и круша го засилуваат блескавото отворање, создавајќи врела енергија. Како што се развива мирисот, светлиот мошус се испреплетува со богатата цветна срцевина составена од апсолут од роза од Дамаски свежината на бел божур, создавајќи нежна прегратка. Смирувачките ноти на млеко додаваат длабочина и раскош во срцевината. Конечно, сензуалната база ја открива мекоста на мошусот, придружен со привлечниот гурмански интензитет на премиум ванила бурбон од Мадагаскар и топлите балсамични ноти на бензоин резиноид. Оваа прекрасна интеракција на нежна сензуалност остава воодушевувачка и неодолива трага.
Препознатливото Sì Passione шишенце е повторно замислено во впечатлива проѕирна црвена нијанса во контекст на името (црвен мошус), доловувајќи го биењето на страстното срце. Оваа прекрасна боја се проширува и до препознатливото капаче во форма на камен, кое е исто така со сјаен завршеток. Sì Passione Red Musk е вкусен овошно-цветен мирисза модерната жена која го следи своето срце и танцува според нејзиниот ритам. Жена која живее за она за што се залага.

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.